
Поради прекин во Системот за контрола на патници и возила на царинската испостава на граничниот премин „Блаце“ има прекин со сообраќајот на товарни возила, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Прекинот се случил во 14,30 часот и не е познато до кога ќе трае.
Сообраќајот на останатите гранични премини и по патиштата низ државава се одвива нормално без застои и забрани. На неколку патни правци, Прилеп, Кичево, Плетвар и Удово, поради магла видливоста е намалена од 50 до 100 метри.