Нема загинати и повредени во сообраќајката на патот Струмица-Граничен премин Ново Село

Нема загинати и повредени во сообраќајката на патот Струмица – Граничен премин Ново Село, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин во двата правци од 18:30 часот.

Според информациите од портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, во 18:20 часот во полицијата било пријавено дека се случила сообраќајна незгода пред влезот во село Ново Село од правец на Струмица, а во неа учествувале два автомобила.

-Според првичните информации причинета е само материјална штета кај двете возила, а полицијата врши увид на местото на незгодата, изјави Трајанова за МИА.

Според неа, се очекува сообраќајот наскоро да биде нормализиран.

Претходно АМСМ информираше дека од 18:30 часот на патот А4 Струмица – Ново Село, пред ГП-Ново Село, сообраќајот е во прекин во двата правци, поради случена сообраќајна незгода.