Нема закани за инаугурацијата на Трамп

трамп

Немаме сознанија за некоја одредена закана за инаугурацијата на претседателот на која се очекува да присуствуваат 700.000 до 900.000 лица, истакна министерот за внатрешни работи на САД Џех Џонсон.

Џонсон наведе дека на тој ден се очекуваат протести од страна на околу 100 организации.

Во Вашингтон на 20 јануари ќе бидат распоредени 28.000 припадници на силите за безбедност, потенцира министерот за за внатрешни работи на САД.