
Ниту еден случај на корона вирус не е регистриран во Унгарија, соопштило тамошното министерство за внатрешни работи, јавува „ХунгариТудеј“, пренесува НетПрес.
Во меѓувреме, соопштува унгарското МВР, оперативниот одбор формиран за координација на превентивните мерки во врска со вирусот продолжува да ги следи дојдовните податоци за епидемијата.
Што се однесува, пак, до унгарските државјани евакуирани од кинескиот град Вухан, Министерството соопштило дека тие остануваат во карантин и под внимателно набудување во болницата „Сент Ласло“ во Будимпешта, додавајќи дека нивната состојба е добра.
Наведувајќи податоци од конзуларната мрежа на Унгарија во Кина моментно има 188 унгарски државјани. Двајца од нив живеат во покраината најмногу погодена од вирусот, но ниту еден од нив не сакал да се врати во својата матична земја.