Немам добра причина во моментов да разговарам со Путин

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека не е подготвен да се вклучи во директен разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, додавајќи дека во овој момент не гледа практична причина за тоа.

„Немам добра причина во моментов да разговарам со Путин“, им рече тој на новинарите за време на прес-конференцијата по самитот на НАТО во Вашингтон. „Нема многу што Путин е подготвен да направи во однос на прифаќањето на каква било промена во неговото однесување.

„Нема ниту еден светски лидер со кој не сум подготвен да се справувам, но поентата е дали Путин е подготвен да разговара. Не сум подготвен да разговарам со Путин сѐ додека тој не е подготвен да го промени своето однесување“, рече американскиот претседател.

Сепак, набргу потоа рече дека ќе биде подготвен да разговара со рускиот претседател, доколку тој иницира телефонскиот разговор.

„Мислам дека сум подготвен да разговарам со секој лидер, кој сака да разговара, вклучително и ако Путин ме повика и сака да разговараме“, рече Бајден.

„Последниот пат кога разговарав со Путин, се обидував да го наведам за договор за контрола на оружјето, поврзан со нуклеарното оружје во вселената“, додаде американскиот лидер, без да образложи кога точно се случил разговорот.