
Престанете со “голиот” популистички PR и презентирање на фактографски податоци, гледаме дека немате контрола над ситуацијата и целосно сте „без компас“ … затоа прифатете ги предлозите, барањата и мерките без разлика од каде доаѓаат – дали е тоа опозицијата, дали е тоа со „copy-paste“ на мерките кои ги спроведуваат другите држави … не е важно тоа во моментов … важно е што е можно побезболно да ја надминеме заканата за сите нас!
Имаме смртен случај и покрај тоа што биле земени 2 теста и резултатите биле негативни … знаете дека сопругот на жената што е позитивна на вирусот е вработен во МВР – СВР Куманово и знаете дека вчера бил на работа, така? … превземете ги сите потребни мерки да го спречите ширењето на вирусот … знаете за многу слични случаи и не превземате ништо … знаете дека во Градска Болница има сестра која пред 2 недели се вратила од Турција, за која дури вчера е потврдено дека е позитивна, а во меѓувреме 2 недели одела на работа, контактирала со колеги и голем број на пациенти? … дури денес почнувате да ги тестирате тие 50на од Клиниката за кожни болести … токму затоа за едно деноноќие имаме 29 нови случаи, што е најмногу досега за период од 24 часа. Бројката на заболени во земјава достигна до 114.
Веќе 1 месец ви укажувавме дека мора масовно да се прави тестирања … токму затоа ви е задоцнета мерката од утре да почнат да функционираат 14 пунктови, каде ќе се врши тестирање. И еве веднаш ќе ви кажам – премалку се! Матичните лекари не знам веќе колку време „ве молат“ да им дадате инструкции како да постапуваат, за конечно пред 2 дена да одржите состанок со нив и конечно да ги вклучите во системот за постапување … но, како викаат кај нашиот северен сосед „боље икад, него никад“.
Веќе 1 месец ви укажувавме и баравме мерки со кои ќе се “замрзнат” обврските на компаниите кон државата чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот за месец март … итно “замрзнување” на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот … државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот во висина од 50% … и уште многу други мерки …
Затоа, престанете да кажувате што треба да се направи … на граѓаните над 65 години требало да им биде ограничено движењето … и за младите до 18 години ќе имало мерки … требало да се обезбеди сигурност на буџетот и негова ликвидност … требало да се обезбеди финансиска инјекција во стопанството преку мерки за помош на фирмите и тоа потребно било да се обезбедат средствата веднаш … доста „приказни за мали деца“ што треба да се направи – направете го, спроведете го на дело, не е важно кој го предложил!
Предложените мерки на Заев нема да ги коментирам, особено онаа „најјаката“ – плата за сите во висина од 14.500 денари за април и мај … срамота, од каде го доведовте народот во Република Македонија на “питачки стап“, сега уште и во ова „зло време“ земете им ги и макотрпно спечалените пари!