Навивачки групи кои се под контрола на опозицијата и Социјалдемократскиот сојуз се дел од протестот што во моментов се случува во скоспката населба Ѓорче Петров и се обидуваат да предизвикаат судири со полициските службенции со цел протестите да се претворат во насилни и да ескалираат.
Според информациите од теренот, најагресивните, оние кои најмногу провоциираат се познати како дел од навивачки групи кои имаат блиски врски со Социјалдемократите. Присустните на протестите велат дека постојатно се слушаат партиски директиви и инструкции, навреди на партиска основа, како и разговори дека по секоја цена треба да се предизвикаат судир со полицијата и дека на протестот се присутни со единствена цел да се направи инцидент што подоцна би можел да се искористи во партиски цели.
Според нашите информации, некои навивачки групи одбиле да учествуваат во протестот бидејќи уште при организација на протестот се појавиле информации дека може да има партиско политичка заднина. Токму поради тоа меѓу присутните на протестот во Ѓорче има навивачи од Центар.
Луѓе задолжени за провоцирање и поттикнување на што поголем револт кај граѓаните. И во медиумите се појавија наслови кои се засноваат на деизнофрмации како дека има 50 повредени меѓу учесниците во протестот, додека официјалните информации говорат дека полицијата се обидува да ја држи ситуацијата под контрола и дека засега нема повредени граѓани, само еден полицаец се пожалил на повреда.
Меѓу присутните на протестот постојано се слушаат политички шпекулации и дезинформации со цел да се разнегат граѓаните кои на улици денеска излегоа во знак на протест поради убиството на осуманесетгодишниот Ангел Петковски.
Полицијата веќе два часа се обидува да ги расчисти улиците во Ѓорче Петров и да спречи одредени групи, составени претежно од млади луѓе, да се упатат кон населбите во кои живее претежно етничко албанско население.