Ракометарите на германскиот ракометен гигант Фленсбург, пристигнаа во Скопје, каде што утре од 17.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе му гостуваат на Вардар, во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Бундеслигашот пристигна во комплетен состав, видно расположени во пресрет на реваншот против македонскиот шампион.
Српскиот интернационалец Драшко Ненандиќ, кој во досегашниот тек од сезоната постигне 23 гола, најавува голема борба за место на завршниот турнир во Келн.
“Мислам дека утре ќе гледаме еден крајно неизвесен натпревар. Првиот заврши со предност на Фленсбург од два гола, а таа разлика на вакви натпревари не мора ништо да значи. Знаеме каква атмосфера не очекува во СЦ “Борис Трајковски”, но сметам дека нашата екипа има доволно квалитет да обезбеди место на фајнл форот во Келн”, изјави Ненадиќ.