Ненси Пелоси пристигна во Јапонија

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси денеска пристигна во Јапонија, последната станица од нејзината азиска турнеја.

Авионот на Пелоси слета во воздухопловната база Јокота, западно од Токио.

Пелоси, за која ова е прва посета на Јапонија од 2015 година, утре наутро ќе разговара со јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Кина, која го смета Тајван за дел од својата територија, дееска почна воена вежба без преседан во знак на протест поради посетата на Пелоси на Тајпеј.

Кинески балистички ракети првпат паднаа во ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави денеска јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши. По објавувањето на кинеските воени вежби, Јапонија, која е близок сојузник на САД, изрази „загриженост” за активностите на Пекинг.