Неочекувана победа на австралиската конзервативна коалиција

Владеjaчката Либерално-национална коалиција (LNK), предводена од актуелниот премиер Скот Морисон, ненадејно победи на сојузните парламентарни избори во Австралија одржани во саботата, што му овоможува да остане на чело на владата и следните три години, и го принуди челникот на опозициските лабуристи на Бил Шортен, кој беше сметан за голем фаворите, да го признае поразот.

Во новиот состав на долниот дом на сојузниот парламент, според прелиминарните процени, LNK ќе добие најмалку 74 места, додека опозициските лабуристи може да сметаат на 65 мандати. Три мандата освојуваат независни пратеници, по еден од Партијата на зелените, Центристичката алијанса и партијата Катер, а уште пет мандати беа нераспоредени поради во парламетот со 151 пратеник временската разлика на западните области на земјата.

„Отсекогаш верувам во чуда. Австралија е чудесна“, изјавил Морисон пред своите првирзаници во Сиднеј, поздравувајќи ги „сите оние тивки Австралијци“.

„Јасно е дека Лабуристичката партија нема да успее да ја формира следната влада“, рекол поразениот Шортен пред неговите приврзаници во Мелбурн. Најавил дека ќе поднесе оставја на местото челник на партијата, и телефонски го повикал својот ривал „да му честита“ на победата.

Коалицијата предводена од премиерот на заминување, конзервативниот либерал Скот Морисон, јавната австралиска телевизија ABC News претходно го прогласи победник, но не се знаеше дали станува збор за мнозинска или за малцинска влада.

Резултатите претставуваат големо изненадување, особено за агенциите кои ги спроведуваа анкетите пред изборите и предвидуваат победа на лабуристото Бил Шортен, политичар кој е посветен на екологијата. Според истражувањето на агенцијата Галаски, лабуристите требаше да освојат 51,5 отсто од гласовите, а конзервативците добиваа поддршка од 48,5 проценти од испитаниците. Шортен во изјавата дадена веднаш по гласањето утрината рече дека „не се сомнева во победата“ на неговата партија.

На изборите во Австралија, каде што гласањето е задолжително, излегле околу 17 милиони избирачи. Првичните резултати упатуваат на расцепканост на гласачкото тело, со многу мали популистички партии и голема екстремно десна партија којашто има големо политичко влијание.

Земјата во последните 12 години имаше шест премиери, бидејќи ниеден од нив поради внатрепартиските превирања не издржа до крајот на мандатот. Ливералниот премиер Џон Хауард беше последниот премиер кој издржа до крајот на својот мандат во 2007 година, а по него се менуваа шестмина,. Овојпат Австралијците се надеваат дека ќе биде поинаку.

Педесет и едногодишниот Скот Морисон на власт дојде во август минатата година по бунтот на конзервативната фракција во LNK против Малколм Тарбул, кој три години претходно на сличен начин го смени Тони Абот. Но и во спротивниот табор не е ништо поразлично. Педесет и двегодишниот Шортен ја имаше клучната улога кога партијата во периодот меѓу 2010 и 2013 година трипати го менуваше водството.