Исклучително сушното време доведе до пад на нивото на водата во еден од главните водни патишта реката Мисиспипи, што се заканува со дополнителни проблеми за американската економија, се предупредува во прилогот на телевизиската мрежа NBC News.
„Глетката овде е многу трагична. Поради засилената суша, деловите коишто некогаш беа дел од каналот Мисисипи сега станаа негови брегови. Обично новото на водата на Мисисипи треба да биде околу четири и пол до шест метри над мојата глава. А во моментов во оваа широка река, водата е на опасно ниско ниво“, изјави во прилогот дописникот Морган Чески.
Големите суши изминатите години ја ставија Мисисипи „на колена“, поради што движењата на бродовите со земјоделските производи и челик се забавени или целосно запрени, се додава во прилогот.
Началничката на крајбрежната стража Мери Гилдеј ја оцени ситуацијата со водостојот како „лоша“.
„Знаеме колку е важно економското влијание на сево ова врз САД. Според сегашните прогнози, не гледам дека работите ќе се подобруваат“, истакнува Гилдеј.
Благодарејќи на Мисисипи функционира превезувачкиот камионски сектор вреден 12,6 милијарди долари, кој создава десетици илјади работни меса, се истакнува во прилогот на NBC News.
Покрај тоа, 60 отсто од целото жито извезено од САД се превезува токму преку оваа река. Но во моментов 127 бродови и повеќе од 1.800 теглачи се неактивни на затворените водни патишта.
Фармерот од сојузната држава Аракнзас, Роџер Смит за телевизијата изјавил дека „никогаш не видел толку ниско ниво на реката“. Поради тоа морал да ја одложи бербата на сојата, бидејќи нема каде да ја складира а не може да ја користи реката за транспорт.
„Проблемот се влошува бидејќи реката исчезнува“, се заклучува во прилогот на NBC News.