Неочекувано, Анџелина Џоли се мажи

Тројката Анџелина Џоли – Бред Пит – Џенифер Анистон, како и сите детали од нивниот живот, не престанува да ја интригира јавноста. Откако најголемиот дел од неодамнешното внимание е насочено кон Бред и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон, сега Анџелина „зема замав“.

Иако многумина ги очекуваат свадбените sвона за Бред и Џенифер, Анџелина ги превари. Поточно, ако може да се верува на информаците на таблоидот „Life&Style “, 44-годишната актерка наскоро ќе се мажи.

https://www.instagram.com/p/B9WbrFmpIiu/?utm_source=ig_embed

Нивниот извор тврди дека Анџелина и нејзиниот партнер, таен милијардер, планираат да се венчаат во Франција.

„Планираат да одат ,среде никаде’ заради потребната приватност”, открил изворот и додал дека откако ќе се венчаат, Анџелина тајно планира да се пресели во Франција.

https://www.instagram.com/p/B896Uh1phVo/?utm_source=ig_embed

„Тој ќе ги поминува викендите со неа, а од лаптоп може да работи било каде и да е“, вели изворот.