Неодговорноста и лакомоста за пари ја изгореа Универзалната сала, велат од Демократски сојуз

Демокрстскиот сојуз бара темелна истрага за причините за пожарот во кој изгоре Универзалната сала, еден од симболите на Скопје.

-Овде во оваа сала се градеа илјадници музичари, актери, фолклористи и безброј други уметници,но негрижата на власта и лакомоста за провизии и пари ја изгореа истата. Обидите за релативизирање на последиците од пожарот, дека истата е осигурана, дека металната конструкција е во ред итн,се само обиди за замаглување на одговорноста. Демократскиот сојуз бара да се направи детална истрага и за тендерската постапка за избор на изведувачот на реконструкцијата на салата,потоа како е избрана фирмата која треба да врши надзор,колку се спроведувале заштитни мерки за превенција од пожар и друг вид на хаварии и случно, се вели во соопштението на партијата.

Оттаму додаваат дека овој пожар само ја отслика неодговорноста и хаосот во државата во кој не внесе власта на СДСМ и ДУИ.