Полското радио RMF FM, неофицијално јавува дека Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на Фајзер против ковид-19, пренесува хрватски Индекс.
Според истите неофицијални информации, најверојатно станува збор за условно одобрување.
Наскоро се очекува да се оддржи прес конференција на Европската агенција за лекови, на која информацијата за одобрувањето на вакцината би требало да биде потврдена, а се очекува и повеќе информации за условите под кои вакцината е одобрена.
Полското RMF FM објави дека конечната одлука за користење на вакцината на Фајзер на територијата на Европската унија ќе ја донесе Европската комисија. Таа одлука се очекува вечерва или најдоцна утре наутро.