Неофицијално има жртви во сообраќајната несреќа кај Врбјани

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево кај селото Врбјани, поради што сообраќајот се пренасочува кон новата делница од патот.

Километарски колони возила чекаат на патниот правец од Охрид кон Скопје и во обратна насока.

На местото на несреќата пристигнале две возила од службата за Брза помош, а очевидци за Скопје Инфо јавуваат дека има и загинати. Со возила на Итната медицинска помош биле однесени загинатите и повредените.

Полицијата сѐ уште врши увид во сообраќајната незгода.

Претходно очевидци за медиумите и на социјалните мрежи објавија дека кај месноста Дебрца на автопатот меѓу Охрид и Кичево во неделата вечерта околу 19,30 часот се случика тешка сообраќајна несреќа во која учествувале најмалку три возила. Во тие информации се наведува дека биле забележани се три возила на службата Брзата помош како заминуваат од местото на несреќата кон Охрид. На лице место имало најмалку едно покриено тело на загинат патник во сообраќајната несреќа. Според истит извори, на местото на несреќата биле забележани две возила на погребно претпријатие.