Неонацист од „Златна зора“ влегол и излегол од Македонија со лажно име, маскиран како монах

Поранешниот пратеник на екстремната десничарска партија Златна зора Христос Папас (59), кој беше осуден на 13 години затвор за управување со криминална организација, најверојатно преку Македонија пребегнал во Србија и се крие во манастир.

Грчките власти претпоставуваат дека бегалецот успеал да ја напушти Грција на границата со Македонија во октомври минатата година под лажно име, маскиран во монах, пренесе агенцијата Бета. По него е распишана европска потерница и очекува наскоро да биде уапсен во Србија и екстрадиран во Грција на издржување на казната.

Истрагата е насочека кон неколку српски манастири поврзани со грчкото крило „старокалендарци“.

Лидерот на распуштената партија Златна зора Никос Михалојакос и уште петмина поранешни пратеници, вклучително и бегалецот Папас, беа осудени на затвор за претворање на партијата во криминална организација.