Во Србија, неонацистот Е.Л. (60) и неговиот татко Морис (85) беа уапсени под обвинение за сексуално злоставување на дете во Белгија, пишува белгискиот весник „Nieuwsblad.be”.
Според „Блиц“, двајцата треба да бидат испорачани во Белгија оваа недела, но обвинителството во оваа земја сè уште не го потврди апсењето.
-Е.Л. веќе е осуден за двојно убиство во Антверпен, како и за помагање на пријател во погребување на тело и е испрашуван за поврзаност со неславните „убијци на Брабант“ кои убија 28 лица во вооружени грабежи во 80-тите години на минатиот век, наведува медиумот.
Е.Л. веќе еднаш бил во бегство и исто така бил уапсен во Србија во 2008 година. Неговата екстрадиција тогаш траеше една година додека тој не беше испорачан во Белгија.