Носителот на листа на третата Изборна единица и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во гостување во емисијата „ И што сега“ на Македонската телевизија нагласи дека се потребни системски промени и реформи во правосудството укажувајќи дека токму правдата е поврзана.
Таму се потребни системски промени и како резултат на тоа ние во нашата програма еден огромен дел од овие 360 страници е посветен токму на реформи во правосудството.
Ова е од круцијална бидејќи е поврзано и влијае на секој сегмент во нашето општество. Исто така да не заборавиме дека сите овие 30години од независноста на Македонија впрочем правосудството и неуспехот на сите досегашни влади да направат реформа и да го постават правосудството на вистински здрави темели беше камен на сопнување.
Една од главните мерки кои што ги планираме е реорганизација односно напушатање на ова што го направија со начинот на изборот на судии и јавни обвинители односно сите оние измени кои што ги предвидоа во Академијата за судии и јавни обвинители за што впрочем имавме негативно мислење во извештајот на ГРЕКО, или на кратко кажано успеа да извршат партизација на работата и изборот во Академијата и последните денови повторно сме сведоци како оди целата таа постапка таму. Значи тоа мора да го напуштиме и да ја вратиме Академијата онака како што беше трасирана да ги избира најквалитетните, најдобрите со интегритет, луѓе кои што понатаму ќе бидат обвинители и судии, вели тој.
Јанушев најави и законско решение и меѓусебно делување на јавното обвинителството со Државната комисија за спречување на корупција бидејќи како што рече тој во овој момент ДКСК дефакто е само еден орган кој што ја утврдува фактичката состојба.
Поблиска соработка преку законско решение односно делување на Јавното обвинителството со Државната комисија за спречување на корупција бидејќи во овој момент ДКСК дефакто е само еден орган кој што ја утврдува фактичката состојба. Значи овде ќе направиме една реформа со која би се прошириле овластувањата на Антикорупциска и таа би делувала во корелација со јавното обвинителство се со цел за сите овие работи кои што се изнагледавме во изминатиот период конечно да се решаваат, вели Јанушев.
Јанушев вели дека неминовно е носење на нов закон за јавно обвинителство посочувајќи дека не се потреби законски решенија кои ќе ја исполнуваат волјата на Зоран Заев.
Неминовно е носење на нов закон за Јавното обвинителство бидејќи на крајот на денот не ни требаат нас вакви законски решенија кои ќе ја исполнуваат волјата само на еден човек, а тоа е Зоран Заев, додаде тој.
Ќе ставиме стоп на застарените побарувања, каде што народот буквално со години се измачува. Мораме да го реафирмираме уставното право на секој од нас за домување односно домувањето да има приоритет пред било какво парично побарување во некои од постапките, истакна Јанушев.
Јанушев нагласи дека е потребно измена на законот за јавни набавки односно како рече тој сведоци бевме дека изминатите години СДСМ ги укина сите механизми на контрола при јавните набавки и поради тоа се случиле голем број на афери во сите институции во делот на јавните набавки.
Голем сет на мерки се. Една од работите која што исто така мораме уште од првиот ден на владата е измени или нов закон за јавни набавки бидејќи сведоци бевме во изминатите години дека ги укинаа сите механизми на контрола при јавните набавки и гледате што се се случува колку само афери имаше во речиси сите институции во делот на јавните набавки, објасни Јнаушев.