Седум лица загинаа во пад на хеликоптер во планинска област на истокот од Непал, а меѓу нив и непалскиот министер за туризам, соопшти портпаролот на полицијата.
„Мртвите тела на министерот за туризам Рабиндра Адикари и уште шест лица се идентификувани на самото место на несреќата“, изјавил портпаролот на министерството за внатрешни работи Рам Кришна Субеди.
Утам Раџ Субеди, портпарол на непалската полиција, претходно потврдил дека пет тела се најдени на местото на несрежата. „Хеликоптерот бил во пламен. Пет тела се пронајдени“, рекол Субеди.
Во хеликоптерот на компанијата „Air Dynasty“ кој се урнал во шумата во округот Таплеџунг по враќање на аџилак во регионот, имало шест патници и пилот. Местото на несреќата се наоѓа на околу 240 километри североисточно од главниот град Катманду.