Неподвижна велешанка изгоре во пожар

Велешанката Џева Асанов (50) денеска изгоре во пожар кој избувнал во нејзиниот дом.

Нејзиниот сопруг и синовите во моментот кога огнот ја проголтал куќата не биле дома, а запалениот покрив паднал врз жената која била инвалид. Во пожарот до темел изгоре и куќата и покуќнината на семејството Асанови.

Соседите веднаш притрчале први на помош, но и тие не можеле ништо да сторат бидејќи пламените јазици брзо ја зафатиле куќата. Со оглед на тоа што куќата на семејството Асанови е висока на ридот на левата страна на Велес, пожарникарите имале проблеми да стигнат до куќата и да спречат трошниот објект да изгори до темел. Огнот го гаселе со вода од градската мрежа.

За сега не се знаат причините за пожарот, но неофицијално тој избувнал поради застарена електрична инсталација.