Непотизам во Струмица: Заев го вработил пола семејство

Непотизам во Струмица за во Гинис
Непотизам во Струмица за во Гинис

Доколку Гинисовата книга на рекорди се реши да ја воведе категоријата непотизам во Струмица би требале неколку страници, објавува Сител.

Информациите до кои дошла телевизијата за сомнеж за непотизам во Струмица го отвора прашањето дали некој од роднините на функционерите на СДСМ во општината, работи на друго место освен во општинските институции.

Струмичани велат дека директорката на струмичките Паркиралишта важи за најмоќна жена во градот. 30 годишната Верица Узунова, која важи за блиска до лидерот на СДСМ Зоран Заев во советот на општината го вработила својот татко, Зоран. За мајка си Снежана обезбедила плата во основното училиште Маршал Тито во Струмица, а нејзината братучетка Кевија Димитрушева ја вработила како ВД директор на основното училиште во селото Куклиш, дел од општина Струмица.

Струмичани велат дека по неа, според политичката моќ доаѓа Љупка Цветкова која работи во кабинетот на Зоран Заев и важи за блиска пријателка на Вице Заев, чие име се споменуваше во аферата поткуп од 200.000 евра. Сител вчера објави дека и таа на плата од општинските пари ги ставила својот татко и братучедите.

Бранко Палифров и информацијата дека вработил седум лица од своето најтесно семејство заслужуваат место во рубриката верувале или не. Обвинетиот во аферата Пуч и раководител на финансиите во општина Струмица, во самата единица на локалната самоуправа и јавните претпријатија кои таа ги раководи ги вработил својот син, братучедот, снаата и четирите внуци.

И директорката на градинката Детска радост, Тинка Маркова своето семејство го наредила пред струмичката општинска каса. Од граѓаните на Струмица плата земаат нејзините двајца синови, како и снаата која работи во градинката каде таа директорува.

А дека директорското место во Струмица значи работа за целото семејство најдобро покажува примерот со екс директорката на средното училиште во градот, Јане Сандански, Ленче Пиличева инаку блиска пријателка со поранешната пратеничка на СДСМ Цветанка Иванова.

Нејзините синови Спасе и Сашо си добиле професорски места во училиштето, а бидејќи тоа не било доволно професори во истото училиште каде таа директорувала станале и нејзините внуци Борис и Крсте, пишува Сител.

Заев ги признава партиските вработувања

zaev(28)(2)Лидерот на СДСМ и јавно признава дека во општина Струмица, вработувањата одат строго по партиски клуч, а овие информации велат дека пресудни се семејните врски.

Останува нејасно, за каква департизација зборува опозицијата ако се знае, дека во Струмица, нема вработен, од чистачка до директор кој не поминал низ филтерот на СДСМ.

 

 

Градоначалникот на Струмица и лидер на опозициската СДСМ, Зоран Заев со лаги и интриги ја избрка холандската компанија Антура од општината.