Непознат мотивот за убиството во Мала Речица

Полицијата трага по А.К.(53) од Мала Речица, кој вчера со пиштол ја убил својата сопруга Х.К.(52) пред нејзината куќа во Мала Речица. Од Основното јавно обвинителство Тетово велат дека е извршен увид, но мотивот за злосторството се уште се истражува.

Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатата, како и наредби за прибирање и за вештачење на траги и материјални докази пронајдени на лице место, велат од ОЈО.

Според полицијата, убиството се случило околу 22.35 часот на улица Љуботенска во Мала Речица, кога А.К.ја застрелал сопругата.

Подоцна, А.К. пукал и во возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил сопственикот Р.Џ.(50), а кое било паркирано на улица 179 во Мала Речица, но не го повредил. Потоа А.К. побегнал со своето возило. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово. На двете места каде е пукано биле пронајдени и подигнати по  две чаури калибар 7,62 милиметри. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на А.К. и за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.