Непознат напаѓач со нож рани четири лица во Лондон

Лондонската полиција трага по засега неидентификувано лице коешто во саботата ноќта и неделата утрото во северен Лондон со нож ранил четири лица.

Една жена и тројца мажи биле нападнати со нож од задгрб додека мирно оделе во квартот Едмонтон. Медиумите пишуваат дека сите биле пренесени во болниците, а дека две лица се во критична состојба, од кои едната жртва е 45-годишна жена.

Полицијата во соопштението за јавноста информира дека смета оти нападите не се поврзани со тероризам, како и дека „се чини оти жртвите биле случајно избрани“ бидејќи биле само и ранливи. Се претпоставува дека осомничениот дејствувал сам и оти би можело да станува збор за лице со ментални проблеми.

Маж е приведен под сомневање дека ги сторилк овие напади, но полицијата вели дека истрагата продолжува за да се утврди дали тој навистина е сторителот.

Полицијата претходно објави опис на осомничениот, во кој се наведува дека станува збор за лице со слаба телесна конструкција висок 190 сантиметри и облечен во темни алишта, а приведениот одговарал на описот. Скотланд Јард им препорачува на жителите на Едмонтон и соседните области да бидат претпазливи и да ѝ помогнат на полицијата да го најде осомничениот.