Непознати лица насилно влегле во планинарскиот дом на врвот на Водно, кршејќи ги бравите на влезната врата, реагираат планинари на социјалните мрежи. Тие коментираат дека тоа е напревено со цел да се преземе планинарскиот дом кој шест децении е отворен за сите посетители.
Планинарите реагираат дека со вакциот чин, се затвора последниот јавен објект за одмор и за рекреација на граѓаните на планината Водно, а како што додаваат, новите сопственици наводно се добро познати угостители од Скопје.
-Отсега, значи, доколку не одлучи поинаку надлежниот Суд, скопјани и сите други посетители на Водно, во иднина ќе немаат ниту едно засолниште со покрив каде што ќе можат да се преслекуваат, да се стоплат и да закрепнат, да си каснат сендвич од ранец, да си поседат, без да се присилени да плаќаат кафански цени за тоа задоволство, бидејќи условите на идните газди на домот на врвот Крстовар бил – тоа да биде забрането во идниот објект. Неименуваниот угостител ветил дека ќе инвестира во оплеменување на Домот и дека ќе вложи дури 45.000 евра, ама само под услов „ако се отстранат оние со сендвичите и туршиите и маиците што се сушат покрај печката“. Ете толку ќе чини операцијата во која мое и твое ќе стане нивно – реагираат планинари на социјалните мрежи.