
Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, на посебната седница на Собранието на Србија, беше дочекана со слаб аплауз на пратениците.
Од друга страна, силно аплаудирање доби српскиот премиерот Александар Вучиќ.
Дел од српските пратеници ја пречекаа со транспаренти на кои беше испишано: „Србија не му верува на Брисел“.
Но, најнепријатниот момент за Могерини беше кога таа застана на говорница и почна да зборува. Нејзиното обраќање беше проследено со скандирање на пратениците од редовите на СРС на Војислав Шешљ:
„Србија, Русија, не ни треба Унијата“.
Могерини денеска престојува во Србија, во нејзината балканска турнеја, а пред обраќањето во Собранието се состанала со државниот врв на оваа земја.
Таа на почетокот од обраќањето истакнала дела и е чест што се обраќа во Собрание, бидејќи и самата била пратеник.
„Мојата порака до Србија е дека иднината на ЕУ нема да биде Европа со 27 членки, затоа што една која ќе ја напушти, на нејзино место ќе влезе нова членка и Србија ќе биде една од нив“, истакна Могерини.