Непристапувањето на Романија и Бугарија во Шенген е закана европската безбедност

Непристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната ќе претставува закана за европската безбедност по украинската криза, предупреди романскиот европратеник Норика Николај. Тој додаде дека Европската унија треба да покаже сложност пред лицето на Русија, наместо да испраќа пораки дека е поделен во насока исток-запад, пренесуваат локалните медиуми.

Европскиот пратеник додаде дека пред ЕУ е ставен предизвикот да ја прифати Романија и Бугарија во Шенген зоната или да ризикува да ги потпомогне територијалните амбиции на Русија, ако дозволи во одбраната на Европа да се појават пукнатини.