
Татко ја бара 17-годишната ќерка, која пред четири дена заминала од дома и не се вратила повеќе. А.Ф.(54) од село Непроштено вчера во 14 часот во Полициска станица Тетово пријавил дека во неделата во непознат правец се оддалечила неговата 17-годишна ќерка. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање, информира МВР.