Светското првенство во фудбал во Бразил почнува задутре, а проблемите во таа земја се натрупуваат. Во Сао Паоло еден работник загина, а дваца се повредени во текот на изградбата на метрото. Тој град го потресе и штрајк на вработените во метрото.
Вработените во метро системот во Сао Паоло ротестираа со денови, со барање за зголемување на платата од 12 отсто, додека работодавачите им нуделе зголемување од 8 отсто.Случувањата во Сао Паоло ги пренесоа медиумите во светот и регионот.
Протестот избега од контрола, па полицијата штрајкувачите ги разбивала со солзавец, бидејќи локалниот суд претходно одлучил дека штрајкот е незаконит. Сепак, ситуацијата за сега се смирува.
Претседателот на синдикатот на вработените во метрото Алтино де Мело Празерес, вели дека очекува разговори со работодавачите.
„Штрајкот е суспендиран и одлучивме да се вратиме на работа. Ќе се состанеме да преговараме во среда, а штрајкот би можел да се продолжи дури во четврток – што зависи од тоа дали отпиштените работници ќе бидат вратени на работа“, рекол Празерес.
Подоготовките на Бразил за Светското првенство го одбележаа низа несреќи на градилишатата на спортските арени. До сега загинаа осум работници, од кои тројца во Сао Паоло.