отици Хрвати кои вложувале во криптовалути во компаннијата BitLucky изгубија над 15 милиони долари. Овие пари тие тешко ќе ги вратат бидејќи сопствениците на компанијата се во бегство, а компанијата не била регистрирана за тргување со криптовалути.
Во аферата која изби во петокот, првично се говореше дека станува збор за околу 700 оштетени граѓани кои инвестирале 70 милиони евра, а вчера до јавноста се обрати специјализирана компанија која ја следи состојбата на тој пазар, која тврди дека не се работи за толку голема сума, туку за околу 15 милиони долари.
Гувернерот на Народната банка на Хрватска Борис Вујчиќ вчера предупреди дека овој пазар е нерегулиран.
–Хрватската народна банка предупреди за ова уште од самиот почеток. Знаеме дека кој и да е изложен на овој пазар треба да биде многу внимателен. Рековме многу јасно, ако одите на тој маркет, подгответе се со сумата со која ќе одите за да ја изгубите – изјави Вујчиќ.
Министерот за финансии Марко Приморац посочува дека државата ќе види како да ги санира штетите.
-Во моментов се работи на неколку законски иницијативи и реформи и ќе се обидеме да санираме одредени штети и да ја подобриме состојбата отколку што беше досега – рече Приморац.
Според информациите во хрватските медиуми инвеститорите во криптовалути во петокот вечерта добиле извесрување од компанијата BitLucky во кое било наведено дека нивните пари повеќе ги нема, додека некои инвеститори вложиле неколку стотици илјади евра во криптовалути.
Регулаторната агенција HANFA информира дека компанијата BitLucky воопшто не е регистрирана за инвестирање во крипто-средства, што значи дека за инвеститорите се мали шансите дека ќе можат да вратат дел од парите.