Несекојдневни начини за ослободување од стрес

Стресот на работа може да делува како еден вид болест. Мислите ви бегаат, концентрацијата опаѓа, напнатоста расте, чувствувате внатрешна непријатност, паника – ова се типичните симптоми на стрес поради кои го губиме душевниот мир.

Научете да се справувате со стресот, бидејќи тоа ќе ви помогне не само да се вратите во форма, туку и да го забавите процесот на стареење.

Психолозите предлагаат неколку несекојдневни начини за да се ослободите од стресот:

1. Чешлање коса

Во текот на работното време ако работите пред монитор, мускулите на лицето стануваат многу напнати, па главата станува тешка и почнува да боли. Еден од начините да се избегне стресот е да ја чешлате косата 10 до 15 минути.

Оваа постапка помага да се „активира“ крвта и да се релаксираат мускулите.

2. Јадете риба, сладолед или банана

Вкусната храна делува како антистрес. Вие сте тоа што го јадете. Добро е често да консумирате риба бидејќи содржи омега-3 масни киселини кои се многу корисни за нервниот систем, помагаат да се одржи доброто расположение, како и да се ослободите од стресот. Ако не сакате риба, тогаш јадете сладолед или банана.

Оваа храна е подобра од антидепресивите.

3. Масирање на дланките една од друга

Ова е уште еден начин да се ослободите од напнатоста и да го избегнете стресот. Потребно е со сета сила да ги триете дланките, додека не почувствувате топлина. Корисно е и триењето на ушите.

На тој начин брзо ќе се соземете и ќе се фокусирате на работата.

4. Туширање или капење

Капењето или туширањето помагаат во борбата против негативни емоции. Застанете под топлиот млаз вода, така што ќе ви ги масира главата и рамената. Наскоро ќе почувствувате како водата со себе го носи непотребното.

5. Боење со боенки за возрасни

Психолозите откриле дека боењето боенка во рок од 2 до 3 минути во периоди на зголемен стрес за петпати ја зголемува веројатноста дека ќе ги извршите сите обврски навреме.

6. Уредна канцеларија

Сортирањето на работите и ставањето на нивно место ќе ви помагне да се фокусирате и да ги организирате вашите мисли. Освен тоа, уредните полици и фиоки имаат позитивно психолошко дејство – надворешното уредување и организација несвесно се пренесуваат и во личниот живот.

7. Танцување дома

Секогаш танцувајте додека сте дома. Ритмичките движења со музика помагаат да се елиминира стресот. Освен тоа, танцувањето го доживуваме како забава, за разлика од сличните вежби во фитнес клубовите.