![pica-ripchinja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/pica-ripchinja.jpg?resize=530%2C350&ssl=1)
Еве еден мошне несеојдневен рецепт. Погледнете како да направите вкусна пица со рипчиња и да го внесете мирисот на морето во вашиот дом.
Состојки:
- 400 грама тесто за пица
- 250 грама црвени домати
- Сол
- Свежо мелен бибер
- 300 грама бела риба
- 2 чешниња лук
- 3 лажици маслиново масло
- Оригано
Подготовка:
Развлечете го тестото во округол, тенок слој и премачкајте го со масло.
Рипчињата (за пржење) измијте ги, но немојте да ги чистите затоа што се јадат цели исто како кога ги подготвувате за пржење.
На излупените и исчистени домати додадете им сол, бибер и оригано. Излупете исечкајте го и столчете го лукот и додадете го на доматите. Добро промешајте и размачкајте на пицата.
Распоредете ги рипчињата одозгора. Ставете неколку капки масло и печете на 220 степени целзиусови околу половина час или повеќе, во зависност од потребата.