Неш започнува тренерска кариера – ќе му биде помошник на Кер во Голден Стејт

Стив Неш започнува тренерска кариера - ќе му биде помошник на Стив Кер во Голден Стејт

Легендарниот канадски кошаркар Стив Неш е дел од спортско-техничкиот штаб на Вориорси, каде ќе започне да го “пече” тренерскиот занает.

Неш ќе работи како консултант на Стив Кер во врска со развојот на играчите и селекцијата на тимот.

Стив Неш објави крај на кариерата во минатиот март на 41-годишна возраст, по 19 сезони поминати во НБА. Во тој период беше член на само три екипи: Феникс Санс, Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс, два пати беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната и осум пати учесник на Ол стар мечот.