Несигурна иднина за државјаните на ЕУ во Британија по Брегзит

Британската лабуристичка пратеничка Гизела Стјуарт, една од ретките од оваа партија кои агитираа за Брегзит, изјави дека државјаните од ЕУ кои сега живеат на територијата на Британија, се оставени во целосна несигурност, во период кога се подготвуваат преговорите за раздружувањето со Унијата.

Стјуарт ќе раководи со една меѓупартиска комисија за тоа како да се заштитат нивните права и каков статус да им биде доделене, откако Британија ќе ја напушти ЕУ.

Премиерот Тереза Меј, во текот на нејзните посети по европските престолнини, направени по референдумот од 23 јуни, изјави дека владата во Лондон ќе ги заштити Европејците, врз основа на реципроцитетот што ќе се направи, за правата на Британците кои сега престојуваат или живеат во земјите од ЕУ.

Пратеници од сите пратенички групи остро ја критикуваа ваквата изјава на Меј, со образложение дека тие луѓе не се „предмети за пазарење„.

Во разговор за радио Би-Би-Си, пратеничкат Стјуарт побара од владата да се изјасни дека ќе им дозволи на сите, сега околу три милиони Европејци, да останат во земјата. Таа во разговорот, сепак,  зборува и за тоа дека по 23 јуни „на сите тие луге треба да им е јасно што ќе се случува„ и заговара  „ист третман„ за Британците и Европејците.

Либералдемократската партија остро ја критикува позицијата на Стјуарт,  додека нејзнинт лидер Тим Фарон ја обвини за  неискреност, кога зборува за загриженоста за судбината на државјаните од ЕУ.

Фарон тврди дека самата Стјуарт  ја потпалува антиевропската омраза што се уште се афирмира кај евроскпетините веснци и  ги потикнува антиимигрантските чувства.

Во Британија, Полјаците се најбројната заедница од земјите членки на Унијата од Источна Европа, со околу 800 илјади луѓе, додека од Западна Европа најбројни се Французите,  со 450 илјади.

Во последниве години расте бројот на државјаните од Бугарија и Романија, па владата во Лондон е против определување временска граница, според која би се одлучувало кои мигранти ќе може да останат, а кои од  Европејците ке треба да заминат.

Се стравува дека ако се определи рок, ќе дојде до „забрзан наплив„ на мигранти, пред се од Истокот и Југоистокот на ЕУ, во следните две години,  додека траат британско-европските преговориза радружување,  за да се „фати  последниот воз„ пред да се затвори британската граница.