Несигурност во Гвинеја по соборувањето на претседателот Конде

Несигурниот мир се врати во понеделникот на улицата на гвинејската престолнина Конакри, додека населението го очекува објавувањето на новата влада откако елитните воени единици го соборија од власта во неделата претседателот Алфа Конде, што предизвика осуди од меѓународната заедница.

Гвинеа повторно ги отвори своите копнени и воздушни граници поради хуманитарнии комерцијални причини, по јасното отстранување на претседателот Алфа Конде, изјави воениот портпарол на државната телевизија во понеделникот.

Водачите на воените специјални сили ги повикаа министрите на Конде и челниците на владините институции на средба во понеделникот, и предупредија дека непојавувањето на состанокот ќе го сметаат за „бунт“.

Преземајќи ја власта во западноафриканска држава со најголеми светски резерви со боксит, рудата која е користи за производство на алуминиум, во понеделникот предизвика најголем раст на цените на металот во последните десет години, поради стравувањата од натамошен прекин на снабдувањето на пазарот. Но сѐ уште нема сигнали за такво на нарушување.

Сообраќајот се одвива од утрото, а некои продавници повторно отворија околу главниот управен кварт Калум во Конакри, каде што во неделата се слушале силни рафални истрели додека специјалните сили се бореле со војниците лојални на Конде.

Меѓутоа, неизвесноста останува и натаму. Додека се чини дека елитната единица го држи претседателот Конде во притвор, а на државната телевизија соопшти дека е распуштена владата и е укинат уставот, а се очекува другите родови на армијата допрва јавно да се изјаснат.

Единицата на специјалните сили ги вои поранешниот офицер и француски легионер, полковникот Мамади Дибуја, кој во неделата на државната телевизија изјави дека „сиромаштијата и ендемската корупција“ ги натерало неговите сили да го сменат Конде од должноста.

Превратот предизвика осуди од некои од најголемите сојузници на Гвинеа. Обединетите нации набрзо по првите информации го отфрлија преземањето на валста, Африканската унија и западноафриканскиот регионален блок се заканија со санкции

Ноќта кон понеделникот американскиот Стејт департментот соопшти дека насилството и вонуставните мерки може да ги нарушат шансите на Гвинеја за стабилност и напредок.

„Овие постапки би можеле да ја ограничат способноста на Соединетите држави и другите меѓународни партенри на Гвинеа да ја поддржат земјата“, се наведува во соопштението на Вашингтон.

Регионалните коментатори велат дека за разлика од Мали, кое нема излез на море, каде соседите и партнерите успеаја да извршат притисок врз тамошната хунат по државниот удар, влијаението врз војската во Гвинеа би можел да биде ограничено бидејќи има излез на мора и не е членка на Западноафриканската монетарна унија.

Иако рудното богаство го поттикна економскиот раст во текот на владеењето на Конде, малку од населението имаше позначителна полза од тоа, што придонесе за зголемена фрустрација меѓу милиони млади кои се без работа.

И покрај воведениот полициски час во текот на изминатата ноќ, седиштетот на претседателската гарда на Конде го ограбиле луѓе кои побгнале со залихи ориз, лименки со масло, клима-уреди и мадраци, пренесе дописникот на агенцијата Reuters.