![тутун](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/tutun.jpg?resize=640%2C300&ssl=1)
Производите од несогорлив тутун како поим се регулираат во новиот предлог Закон за тутун и тутунски производи, така што ќе им биде достапен и на македонските граѓани, кои веќе го користат, ама го набавуваат од соседните земји, од Бугарија, Србија или Грција, каде продажбата веќе беше регулирана.
Според акцизите во соседството, овој производ е најевтин во Србија, односно чини помалку од две евра, додека овој тип „цигари“ се поскапи во Грција, но не е мал бројот на пушачи од земјава кои ги купуваат и оттаму.
Со новиот закон сега овој производ ќе може да се увезе и да се продава и кај нас.