Два хеликоптерa на јапонската морнарица се урнаа во морето во текот на воени маневри, при што загина најмалку еден од осумте членови на екипажот, изјави во неделата министерот „SH-60“ во саботата вечерта изведувале вежби во близина на групата острови Изу, во близина на јужниот брег на централна Јапонија.
Кихара рече дека причината за несреќата е под истрага. Црните кутии од двете летала се откриени во непосредна близина една до друга и постои голема веројатност двата хеликоптери да се судриле, додаде тој.
Јапонските поморски сили за самоодбрана (MSDF) и крајбрежната стража трагаат по преостанатите седум членови на екипажот. Началникот на Генералштабот на MSDF, Јошитака Сакаи, во саботата ноќта истакна дека не верува оти некоја друга земја била вмешана во несреќата.
Амбасадорот на САД во Јапонија, Рам Емануел, во објава на платформата Х, понуди помош од неговата земја за време на потрагата и спасувањето.