
Најмалку шест луѓе се повредени во несреќа со балон на топол воздух во околината на Љубљана во Словенија. Меѓу повредените е и управувачот на балонот.
Несреќата се случила на подрачје меѓу Љубљанско барје и населеното место Шкофљица. Во тек е акција за нивно спасување.
Ова не е прв ваков случај во Словенија. На истото место, во 2012 година, се случи и најтешката несреќа со балон на топол воздух во Словенија досега и една од најтешките во светот, при што загинаа шест луѓе, а повеќе беа повредени
Фото: 24ur.com