Млада скопјанка доживеа несреќа во градскиот автобус со број 50, при што се здобила со скршеници.
Според информацијата на МВР, вчера Т.Н.(20) од Скопје пријавила дека на 21 февруари 2018 година околу 8:10 часот додека како патник се превезувала во автобус на ЈСП број 50, кога возачот прикочил, паднала во автобусот, а врз неа паднало друго лице.
Истиот ден во 9 часот се јавила на лекарски преглед во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, каде и биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура на нога) и истата била пуштена на домашно лекување.