Нестабилно време со грмежи и високи температури до 36 степени се очекува во наредните денови. Вака информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, додавајќи дека денеска, во текот на вечерните часови се очекуваат интензивни врнежи во северозападните делови од земјава.
Синоптичарите исто така велат дека и покрај врнежите, температурите ќе продолжат да растат, особено во југоисточните делови од Македонија.