Нестабилно време со дожд и грмотевици до недела

Невреме проследено со дожд, грмотевици и ветер коешто од синоќа беснее во регионот, денеска ја зафати и нашата земја, а ќе трае до недела – прогнозираат синоптичарите од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР) на чија веб-страна стои и актуелно предупредување за невремето.

– Од пред некој ден циклонска активност од северозапад ја зафати и Македонија и овој циклон ќе влијае на нашето подрачје и деновиве ќе имаме посвежо време. В недела ќе ослабне влијанието на циклонот, а в понеделник ќе се чувствува само во планинските региони во земјава. Денеска и утре врнежите ќе изнесуваат и над 30 метри квадратни за 24 часа. Циклонот предизвика невреме и во Хрватска и Словенија и уште има влага во себе. Точно е дека ваков циклон не се случува често во летниот период, но се случува – изјави за Плусинфо Борис Секирарски, дежурен синоптичар во УХМР.

Слични врнежи проследени со грмотевици и локална појава на град ќе има и утре, а воздушниот притисок ќе опаѓа.

– И денеска и утре ќе имаме пониски температури, а од сабота со помалку нестабилност и појава на грмежи. Температурите и утре ќе бидат до 29 степени Целизусови, а од петок полека ќе се  зголемуваат – додава Секирарски.