
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
УВ индексот ќе достигне до 7.
И во Скопје претпладне ќе биде сончево со слаб северен ветер, а од пладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.