Швајцарскиот прехранбен концерн „Nestle SA“ повлекува од продажба во Шпанија 46 видови сладолед поради можна контаминираност со канцерогениот етилен оксид во стабилизирачкиот додаток Е410, според објавата на шпанската невладина организација за заштита на потрошувачите FACUA.
Повлекувањето од продажба на голем број артикли во врска со новите директиви на Европската комисија, го најави и најголемиот светски производител на сладолед „Froneri“. Во известувањето од компанијата се наведува дека станува збор за мало количество контаминирани компоненти, кое практички не претставува никаква или мала закана за потрошувачите.
Засега „Froneri“ се ограничија на објавување известување на својата веб-страница со кое ги поттикнуваат потрошувачите да ги напишат првите шест цифри од серијата сладолед што ја купиле за да видат дали е контаминиранаа. Но невозможно е потрошувачите да знаат дали конзумирале производ со супстанцијата што го предизвикува неговото повлекување, ако веќе обвивката ја го фрлиле во контејнерот, реагираат од FACUA.
Ниту од „Nestle“, ниту од „Froneri“ не објавуваат коплетен список на контаминираните производи. Но претставниците на FACUA добиле список на сладоледите кои ќе бидат повлечени од вработените во шпанските трговски синџири. Според активистите, повлекувањето се однесува на 46 марки сладолед на „Nestle“, произведени во фабриките на „Froneri“, меѓу кои се „Nestlé“, „Milka“, „Toblerone“, „Nuii“, „Oreo“, „Princesa“, „La Lechera“, „Smarties“ и други.
Од FACUA предупредуваат дека листата е ограничена на тројца трговци на мало и ги повикуваат „Nestle“ и „Froneri“ да ги објават целосните информации за сладоледите контаминирани со етилен оксид, којшто европските регулатори го сметаат за канцероген. Со ист апел здружението се обрати и до Шпанската агенција за безбедност на храната (AESAN).