![nestorovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/nestorovski.jpg?resize=640%2C336&ssl=1)
Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски постигна нов погодок во дресот на Палермо, но не успеа да спречи пораз на неговата екипа синоќа на гостувањето кај Парма.
Несторовски погоди во 53. минута за намалување на резултатот на 3:1 во тој момент, а до крајот Палермо успеа да реализира само уште еднаш за ублажување на поразот (3:2). Македонецот сезонава има постигнато 13 голови.
Несторовски беше во стартниот состав на тимот од „Ренцо Барбера“. Ги одигра сите 90 минути, а во листата на стрелци се впиша во 53. за намалување на негативата на Палермо во тие моменти на 3:1. Александар Трајковски го почна мечот од клупата, но остана без минутажа на гостувањето кај Парма. И покрај поразот, Палермо е трет во конкуренцијата со 57 бода, еден помалку од Фросиноне на второто место и девет од лидерот Емполи.
Директен пласман во Серија А обезбедуваат двете првопласирани екипи.
Во наредното коло на 7 април Палермо ќе биде домаќин на тимот на Пескара.