Несторовски по два гола доби црвен картон

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ги постигна двата гола за својот тим Палермо во пресврт победата над Про Верчели синоќа во последниот дуел од 6.коло на италијанската Серија Б. Палермо победи со 2:1, а капитенот погоди во 25 и 51 минута. Претходно гостите први поведоа во 20 минута.

Несторовски кој беше најдобар фудбалер на теренот на пет минути пред крајот доби втор жолт картон, што автоматски значеше и црвен и исклучување.

Неговиот тим успеа да ја задржи предноста до крајот, но за следниот дуел, на гости против Асколи, во составот ќе го нема Несторовски.

За Палермо настапи и вториот македонски репрезентативец Александар Трајковски кој беше заменет во 64. минута.

Палермо е единствениот тим без пораз оваа сезона.

По шест рунди лидер на табелата е Перуџа со 13 бодови, пред Фросиноне со 13 и Палермо со 12.