
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го постигна победоносниот гол за Удинезе во триумфот вечерва на гостувањето кај Торино со 3:2 во рамки на 11. коло во италијанската Серија А.
Несторовски биеше прецизно во 69. минута, само седум минути откако влезе во игра од клупата за резерви, при резултат 2:2, на местото на Переирa.
За македонскиот репрезентативец ова беше премиерен гол во Серија А сезонава, во неговиот прв натпревар во дресот на Удинезе од 2 октомври, и вкупно само четврти.
По третата победа во низа, Удинзе сега има 13 бодови по десет одиграни натпревари во Серија А