Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата ја предупреди „иранската оска на злото“ да не ја напаѓа неговата земја, додека предвидува можен напад од Техеран и милитантните групи што ги поддржува.
„Израел е во војна на повеќе фронтови против иранската оска на злото“, рече Нетанјаху на почетокот на редовната неделна седница на владата, додавајќи дека војската е „подготвена на сѐ“.
„Им повторувам на нашите непријатели: ние ќе одговориме и ќе наплатиме скапо за секој чин на агресија против нас, од која и да е страна“, рекол израелскиот премиер, според транскриптот објавен од неговиот кабинет.
Тензиите во регионот растат по ракетниот напад врз предргедие на либанската престолнина Бејрут, беше убиен покрај петте цивили од кои две девојченца, и воен командант на шиитското движење Хезболах, Фуад Шукр, а неколку часа подоцна и политичкиот лидер на палестинското сунитско исламистичко движење Хамас, Исмаил Ханија во иранската престолнина Техеран каде присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател.
Додека Хезболах е основан пред повеќе од четири децении со помош на иранската Револуционерна гарда и оддржува перманентни тесни врски со Техеран, сунитски Хамас, за чие формриање се врзани низа контроверзии и терории на заговор, дури по почетокот на најновата израелско-палестинска војна од ланскиот октомври оствари поблиски контантки со шиитски Иран.
Командантот на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRCG) во саботата предупреди дека милитантните групи кои се сојузници со Иран а кои се нарекуваат „сили (или оска) на отпорот“, исто така, ќе учествуваат во одмаздата против Израел за споменаите две ликвидации.
Таа „оска“ – ирански недржавни сојузници ги вклучуваат сега Хамас во Појасот Газа, Хутисите во Јемен и Хезболах во Либан. Во Ирак и Сирија, тамошните шиитски мнозинства имаат вооружени формации кои се тесно поврзани и поддржувани од Техеран.