
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе остане во Вашингтон до сабота навечер, соопшти денеска неговиот кабинет.
Во соопштението се наведува дека посетата на САД е продолжена поради „големиот број барања за средби од американски функционери“.
Нетанјаху првично требаше да се врати во Израел в четврток, пишува Тајмс оф Израел.
Израелскиот премиер утре во Вашингтон треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.