Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рече на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон дека Израел „сам ќе одлучи“ како да одговори на иранскиот напад.
Нетанјаху рече дека неговата влада „ќе направи сѐ што е потребно за да се одбрани“. Британската влада се надеваше дека разговорите ќе помогнат да се спречи ескалација, пренесе BBC.
Нетанјаху постојано ветува дека ќе возврати на иранскиот напад со стотици беспилотни летала и ракети без преседан ракетен врз Израел овој викенд, како одмазда за израелското ракетирање од 1-ви април на конзуларниот депанданс на иранската амбасада во сириската престолнина Дамаск во кој беа убиени седум високо рангирани ирански воени советници, од кои двајца генерали.
Камерон му рекол дека секој одговор треба да биде „паметен“ и ограничен, пренесува BBC. По средбата со Нетанјаху во Ерусалим, Камерон им рекол на новинарите дека дошол да „покаже солидарност“ по „ужасниот“ напад од Иран.
„Се надеваме дека што и да прави Израел ќе биде ограничено, насочено и колку што е можно попаметно. Ескалацијата не е во ничиј интерес, и тоа е она што многу јасно им го кажав на сите со коишто разговарав овде во Израел“, додал Камерон.
Израелскиот премиер по средбата изјавил дека Израел самостојно донесува одлуки.
„Сакам да појаснам – ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки, а државата Израел ќе направи се што е потребно за да се одбрани“, рекол за новинарите Нетанјаху.
Изјавата на Нетанјаху веројанто ќе го зацврсти уверувањето во западните престолнини дека Израел е подготвен да му го нападне Иран.
Камерон претходно во средата по средбата со израелскиот претседател Исак Херцог, кој малку претходно изјави во средата се сретна со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, изјави за новинарите дека е „јасно дека Израел донел одлука да одговори на иранскиот напад“ и се надева дека „одмаздата ќе биде извршена на начин што ќе ја минимизира ескалацијата“.
„Јасно е дека Израелците донесуваат одлука да дејствуваат… Се надеваме дека ќе го сторат тоа на начин што помалку ќе го ескалира ова и дека че биде разумен, но и тежок“, рекол британскиот премиер.
Камерон подоцна во средата ќе отпатува на состанокот на министрите на Г7 во Италија каде ќе се заложи за координирани санкции кон Иран. Тој претходно го обвини Техеран дека стои „зад толку многу малигни активности“ на Блискиот исток и ги повика другите земји да преземат мерки за ограничување на влијанието на Иран.
САД и ЕУ размислуваат за дополнителни санкции, а Израел ги повикува своите сојузници да го прогласат Корпусот на иранската револуционерна гарда (IRGC), главната воена, политичка и економска сила во Иран, како терористичка организација.