Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата ги отфрли прекорите од американскиот претседател Џо Бајден за израелската воена офанзива во Газа и порача дека огромното мнозинство Израелци го поддржуваат.
Што се однесува до коментарите на претседателот Бајден, Натанјаху рече дека „ако сакал да каже дека јас водам приватна политика против мнозинството, желбите на мнозинството Израелци и дека тоа им штети на интересите на Израел, тогаш греши“.
Нетанјаху разговараше за германските медиумски кужи Bildom, Welt TV и Politico, сите во сопственост на берлинската компанија со американски капитла „Axel Springer“, во неговата официјална резиденција во Ерусалим. Интервјуто доаѓа додека се зголемуваат тензиите меѓу САД и Израел, два историски блиски сојузници.
Нетанјаху направи „голема грешка“ што не стори доволно за да ги заштити цивилите, изјави Бајден во саботата во разговорот за американската телевизиска мрежа MSNBC News, а тој неуспех „повеќе му штети на Израел отколку што му помага“.
„Тој има право да го брани Израел, право да продолжи да го прогонува Хамас“, рече Бајден за Нетанјаху.
„Но, тој мора, мора, мора да посвети повеќе внимание на невините животи кои се изгубени како резултат на дејствијата што ги презел. Тој, според мене, повеќе му штети на Израел отколку што му помага на Израел… тоа е спротивно од она Израел се залага и мислам дека тоа е голема грешка“, рече американскиот претседател.
„Не можеме да имаме уште 30.000 мртви Палестинци“, рече Бајден, користејќи ја бројката објавена од Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, но којашто ја потврдуваат и претставниците на Обединетите нации и на хуманитарните организации кои се на теренот во Појасот Газ.
Бајден рече и дека Израел ја губи поддршката во целиот свет.
Сепак, Нетанјаху во неделата тврдеше дека неговата политика била поддржана од „огромното мнозинство“ Израелци.
„Тие ја поддржуваат акцијата што ја преземаме за уништување на преостанатите терористички баталјони на Хамас“, рече израелскиот министер, мислејќи на плановите за копнена офанзива во градот Рафах, на југот на Појасот Газа, на самата грацниа со Египет.
Плановите беа широко критикувани поради страв од масовни цивилни жртви, имајќи предвид дека околу 1,5 милиони луѓе кои останаа без своите домови во разорната израелска офанзива се засолнија во градот кој пред војната имаше околу 300.000 жители. Сега во овој град се сместени поеќе од половината од вкупноот 2,4 милионско населени на густо населениот Појас Газа.
Во меѓувреме, рејтингот на Нетанјаху опадна, бидејќи Израелците го обвинуваат дека не сака да преземе одговорност за неуспехот на безбедносните сили да го спречат масакрот и да ги врати преостанатите 130 заложници кои сѐ уште ги држат Хамас и сродните милитантни групации.