Нетанјаху изјави дека воената операција во Газа може да почне секој момент

Израел може во секој момент да започне воена операција во палестинската енклава Појасот Газа, изјави за телевизијата Kan во петокот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Претходно Нетанјаху изјави дека Израел „најверојатно ќе мора“ да изведе операција во Газа.

„Тоа може да се случи во кој и да е момент“, изјави израелскиот премиер непосредно пред повторените општи избори кои треба да се одржат на 17-ти септември.

Тензиите на границата со палестинската енклава која е под управа на исламистичкото движење Хамас започнаа минатиот петок во текот на одржувањето на 73-от „Марш на враќањето“ и се засилија по изјавата на израелскиот премиер дека има намера да ги наметне израелскиот суверенитет по долината на реката Јордан, доколку победи на предвремените парламентарни избори во недела.